Мал трик за долга свежина: Зелената салата ќе ви трае двојно подолго ако го примените ова!

Со овој трик ќе ви трае со денови

Не морате секој ден да купувате зелена салата само за да имате свежа

Зелената салата е многу здрава и омилена летна салата, а најубава секогаш можете да најдете на пазар. Меѓутоа, одењето на пазар секој ден не е баш практично, а салатата може да ви пропадне доколку стои подолго време во фрижидер.

Меѓутоа, постои трик како да ја сочувате свежината на вашата зелена салата значително подолго.

Измијте ги листовите зелена салата и исушете ги делумно, раздвојте ги листовите и наредете ги на хартиена салвета, со внимателни движења, без да ја притискате, завиткајте ја салатата во хартиената салвета, а потоа ставете ја во пластична кеса.

Пред да ја затворите кесата, обидете се да истиснете што повеќе воздух од неа, за да се создаде еден вид вакуум, кој заедно со влажноста, ќе ја одржува салатата свежа. Кесата со салата чувајте ја во фрижидер и вадете ја само количината што ви треба.

На овој начин ќе имате свежа зелена салата, кога и да ви затреба, свежа и крцкава!

Кулинарски трикови за почетници: Како да го наострите ножот, да го омекнете путерот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.