Многу моќна бобинка: Малата количина од ова овошје спречува инфаркт и рак!

Мора да го воведете во исхраната

Ова зрнесто овошје е моќен чувар на вашето здравје – дознајте од што сѐ ве штити!

Благотворните дејства на боровинката на нашето здравје направиле ова овошје со право да биде нарекувано суперхрана! Има многу ниска калориска вредност, па погодно е за јадење без посебни ограничувања, а и во диети на база на овошје.

Меѓутоа, нејзините здравствени придобивки се многу позначајни од вкусот и ниската калориска вредност (85 калории во 100 грама). Еве што сѐ можат да направат боровинките за вашето здравје…

  • Иако е нискокалорична, боровинката е многу богата со важни нутриенти, неопходни за правилно функционирање на нашиот организам. Меѓу најзначајните се вбројуваат минералите (манган 25%), витамините (витамин Ц 24%, витамин К 36%), влакна и антиоксиданси (мерките за витамините, минералите и влакната се на 100 грама овошје).
  • Боровинката е еден од најсилните антиоксиданси и се бори со слободните радикали во организмот, кои се причинители на бројни тешки состојби, како што е канцерот, а повремено и клеточното стареење. Најважните антиоксиданси, флавоноидите, имаат најзначајна улога во превенцијата на споменатите тешки заболувања, а боровинката изобилува со овие антиоксиданси.
  • Научно докажано е дека нашата ДНК се оштетува на дневно ниво, а тие оштетувања влијаат врз општата состојба на организмот, стареењето, заморот… Својствата на боровинката придонесуваат за намалување на оштетувањата на ДНК синџирот и го чуваат неговиот интегритет, а со тоа го спречуваат и настанокот на бројни дегенеративни процеси во организмот.
  • Оваа моќна бобинка поволно влијае и врз вашиот холестерол, бидејќи го намалува нивото на лошиот холестерол, кој е еден од причинителите на кардиоваскуларните заболувања, како што се инфаркт и шлог. Истражувањата покажале дека само 50 г боровинки дневно ја намалуваат оксидацијата на лошиот холестерол за неверојатни 27% за само осум недели.
  • Боровинката им се препорачува на луѓе со хипертензија, бидејќи нејзините состојки влијаат врз намалувањето и регулацијата на крвниот притисок. Истражувањата потврдиле дека со редовна консумација на боровинка, можете за еден месец да ја намалите просечната вредност на крвниот притисок за дури 7%, без лекови.
  • Една од најзначајните нејзини улоги е превенцијата на инфаркт, мозочен удар, атеросклероза и други кардиоваскуларни заболувања. Истражувањето што вклучувало 93.000 пациенти со кардиоваскуларни предиспозиции и со веќе развиени состојби, покажало дека моќните антиоксиданси од боровинката го намалуваат ризикот од развој на инфаркт на миокардот за дури 23%.
  • Боровинките имаат многу позитивно влијание врз нашиот мозок, бидејќи влијаат врз нашите неврони и ги зајакнуваат мозочните синапси (комуникациски центар во мозокот). Исто така, го спречуваат прераното стареење на клетките на мозокот и придонесуваат за подобра концентрација и помнење. Научните истражувања довеле до заклучок дека консумацијата на боровинки ја намалува староста на мозокот во просек за 2-3 години.
  • Боровинките содржат многу ниско ниво на шеќер (15 г на 150 г производ) и се покажало дека многу добро влијаат врз метаболизмот на глукоза и нивото на шеќерот во крвта. Со самото тоа, боровинката е многу добра за превенција на состојби, како што е дијабетес тип 2.

Покрај сето ова, утврдено е дека боровинката многу ефикасно ги ублажува проблемите со уринарниот тракт, како и дека ги спречува оштетувањата на мускулите и сврзното ткиво, па со самото тоа, добра е за активни спортисти, чии мускули се под постојани екстремни напори, но и за луѓе кои рекреативно се занимаваат со спорт или имаат некаква мускулна повреда.

Овошјето и зеленчукот можат да ве спасат од еден вид мозочен удар

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More