Како да направите совршен природен јаболков оцет од кора на јаболко

Испробајте!

Собирајте ги во замрзнувачот додека имате доволно за да направите оцет. Ставете ја кората и сите останати остатоци во кеси и замрзнете ги. Може да направите и од цели јаболка, само исецкајте ги и следете ги дадените упатства.

Ставете ги остатоците од јаболката во тегла и истурете вода во која пред тоа сте додале шеќер. На литар вода се става околу третина шолја шеќер. Теглата покријте ја со парче ткаенина, зацврстете со ластик и почекајте.

https://www.youtube.com/watch?v=kv4eqip7YLI&feature=youtu.be

По околу една недела, течноста станува потемна. Исцедете ја и вратете ја во теглата и повторно покријте ја со крпа. Повторно, оставете ја околу три до четири недели. Ќе знаете дека јаболковиот оцет е готов кога во течноста се појавуваат меури. Чувајте го на постудено место.

Прочитајте за една од многуте придобивки на јаболковиот оцет. 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.