Обновете ја својата сила и имунитет со овие витамини и намирници

Мали промени за големи резултати

Нутриционистката Џулија Зумпано објасни кои витамини и храна можат да го зајакнат организмот и да ве одржуваат здрави. 

Витамин Ц

Еден од најголемите пријатели на имунолошкиот систем. Всушност, недостаток на витамин Ц може да ве направи повеќе склони кон болести. Храната богата со витамин Ц вклучува: брокула, кељ, портокал, грејпфрут, мандарини, јагоди, пиперки и спанаќ. Дневниот внес на витамин Ц е многу важен, бидејќи телото не го произведува и не ко складира. Добрата вест е дека витаминот Ц се наоѓа во многу храна и дека на повеќето луѓе не им треба додаток во исхраната, освен ако тоа не го советува нивниот лекар.

Витамин Б6

Тој е од витално значење за биохемиските процеси на имунолошкиот систем. Храната богата со витамин Б6 е пилешко месо и риба, како лосос и туна. Овој витамин го има и во зелениот зеленчук и во лелебијата, која е главна состојка на хумусот.

Прочитајте и: Лекарите предупредуваат: Овој зачин потполно го уништува имунолошкиот систем, а речиси сите го користиме!

Витамин Е

Моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се бори против инфекции. Најмногу го има во ореви и спанаќ.

„Обидете се да јадете разновидна храна како и овошје и зеленчук од сите бои на виножитото”, вели Зумпано. „Што поразнобојно е јадењето на чинијата, толку повеќе витамини и хранливи материи ќе внесете во телото”, додаде таа. Исто така е многу важно да консумирате здрава храна на долг рок, бидејќи не можете да очекувате да јадете четири портокали за појадок еднаш и вашиот имунитет да биде силен.

Колку се важни додатоците во исхраната?

Иако витамините и додатоците во исхраната можат да помогнат на некој кој не се храни добро, најдобриот начин да се обезбедат доволно хранливи материи е преку разновидна исхрана. Телото најдобро ги апсорбира витамините кои доаѓаат од храната.

Некои додатоци можат да имаат несакани ефекти, особено ако се земаат пред операција или во комбинација со други лекови. Додатоците во исхраната, исто така, можат да предизвикаат проблеми ако имате одредени медицински состојби. Несаканите ефекти на многу додатоци не се тестирани кај деца, бремени жени или други групи. Од овие причини, експертите велат дека е најдобро да се земаат витамини преку храна, наместо со додатоци.

Внесувањето на течности е исто така важно за здравјето, вели Зумпано. Водата му помага на телото да произведе лимфа, која содржи бели крвни клетки и плазма. Обидете се да избегнете пијалаци кои го дехидрираат телото како кафето и јадете повеќе храна што содржи вода како што се целер, лубеница и краставици.

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.