Диетата на Синди Крафорд е идеална за жени постари од 40 години: За само 7 дена до 5 килограми помалку, а и нема изгладнување!

Исхрана

Синди Крафорд со години практикува мини-диета која е идеална за жени над 40 години.

Синди Крафорд годинава наполни 56 години, а на нејзиниот изглед и фигура би и` позавиделе и двојно помладите жени. Тешко е да се замисли дека некој од поранешните супермодели некогаш имал проблеми со килограмите, но кога понекогаш „претерува“ со храната, секогаш се оди на мини-диета.

Како што и самата истакнала, на нејзините 177 сантиметри идеалната тежина е 58 килограми, а најдобро од се е што нема гладување во мини-диетата што ја практикува.

Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува, а телото почнува да складира масти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Друго правило е дека целата диета мора да биде избалансирана: 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% масти.

Примерок мени

Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче ‘ржан леб

Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)

Ручек: риба или пилешко месо (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб

Ужина: портокал или 30 грама сирење

Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав

Гладот ​​пред спиење не е невообичаена работа, особено кога сте на почеток на диетата, па Синди практикува мал трик – пред спиење пие чаша јогурт со малку маснотии или кефир.

Сепак, како и сите, Синди понекогаш „греши“ и си дозволува да јаде хамбургер или пица. Во тој случај, препорачливо е да вклучите физичка активност и тренинзи во текот на диетата. Во овој период таа се ослободува од вишокот килограми (за една недела можете да изгубите и до 5 кг).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Мени за една недела

Главното јадење на оваа диета е нискокалорична супа направена од бела зелка. Можете и треба да го јадете ова јадење 5 пати на ден.

Супата се подготвува на вода со додавање на моркови, домати, пиперки, целер, боранија, зелен лук и магдонос. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компири и друг зеленчук кој е богат со јаглехидрати.

Покрај супа, можете да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 мл), јогурт (еднаш неделно не повеќе од 150 мл), кафеав ориз. Можете исто така да јадете месо (пилешко или мисиркино, не повеќе од 150 гр) или риба (200 гр), подготвена на пареа.

Пијте чиста вода без ограничувања. Дозволени се и зелен чај и свежо сварено црно кафе без шеќер и млеко (максимум две шолји дневно).

За време на диетата, забранета е конзервирана храна, леб и производи од брашно, чоколадо, слатки, газирани и алкохолни пијалоци.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.