Ќе се мажи Теодора Џехверовиќ, открила детали, па споменала и бебе: Планираме свадба, во сериозна врска сме! (ФОТО)

Ќе заплива во брачните води...

Српската пејачка Теодора Џехверовиќ решила после две години врска да го изговори судбоносното „да“ на кошаркарот Нино Челебиќ.

Џехверовиќ сакала свадбата да ја направи до крајот на годинава, но не можела да стигне се да организира, па на лудиот камен најверојатно ќе застане следната година, односно во пролет.

„Планирам свадба. Оваа година нема да стигнам да се омажам, бидејќи останаа уште два месеци, па немам доволно време да организирам. Нино и јас сме во сериозна врска и нормално е да зборуваме за тоа. Ги склопуваме коцките како и кога, но не можам да откријам детали. Немаме се уште датум, но свадбата сигурно ќе се случи“ – рекла Теодора.

На прашањето дали планира принова, кратко одговорила:

„Рано е за бебе“.

Пејачката кажала дека покрај Нино го пронашла тоа што го барала.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.