Ако обожавате да јадете јајца, време е да ги откриете и лошите страни

Бидете внимателни

Дали некогаш сте се запрашале дали постои количина јајца доволна за неделен внес? Или можеби колку јајца е здраво да се консумираат? Државниот центар за храна нè советува да не консумираме повеќе од три јајца неделно.

Само три јајца неделно? Имено, јајцата имаат 200 грама холестерол, а треба да имате предвид дека дневниот внес на холестерол е 300 грама. Ако ги следите овие препораки, вашето тело ќе добие само добри и здрави состојки од јајцата.

Колку всушност се здрави јајцата?

Јајцата се богати со витамини и минерали, како селен. Селенот помага во борбата против вишокот тежина и исто така го зајакнува имунитетот. Исто така, штити од слободни радикали, како однадвор, така и однатре. Уште една добра вест – вашата кожа ќе свети. Витамин Б2 се наоѓа во јајцата. Тој е добар за здравјето на косата и ноктите.

Јајцата се добри и за намалување на ризикот од срцев удар. Покрај тоа, поради нивниот состав, јајцата се одлични за ослободување од стресот, а исто така ја стимулираат концентрацијата.

Многумина во желба да одржат витка линија често ја одбиваат жолчката, но тоа е сосема погрешно. Жолчката од јајце е богата со состојки кои го намалуваат ризикот од развој на одредени очни болести. Јајцата се исто така богати со витамин Д, кој е неопходен за здравјето на коските.

Прочитајте и: Моќен напиток за слабеење од само пет состојки (РЕЦЕПТ)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.