4 најнездрави методи за слабеење: Не сте ни свесни колку го уништуваат телото!

Бидете внимателни

Кои режими на исхрана треба да ги избегнувате.

Многу жени сакаат да ги изгубат вишокот килограми, па се служат со разновидни диети и режими на исхрана.

Меѓутоа, некои методи се контрапродуктивни. Не секој метод на слабеење е добар за секој.

Диета со сокови

Луѓето кои конзумираат само сокови, покрај маснотии губат и вода од мускулната маса.

Имено, овошјето и зеленчукот се полни со витамини, но не и протеини, сложени јаглехидрати и масти, па телото не ги добива важните хранливи материи. На тој начин повеќе нанесувате штета отколку корист на вашето тело.

ФОТО: Shutterstock

 

Исхрана без или со малку масти

Не е лошо да се држат мастите под контрола. Заситените масни киселини кои се наоѓаат, покрај друго, во мајонезот, саламата или слатките лошо влијаат на здравјето и ја зголемуваат телесната тежина.

Водете сметка да вклучите незаситени масти, кои се наоѓаат во риби или јаткасти плодови, во диета со малку маснотии, бидејќи тие се добри за срцето и мозокот. Тие дури ви помагаат да изгубите тежина.

 

Прочитајте и: Ако не можете да ослабите, задолжително проверете го црниот дроб: Со ваков начин на исхрана ќе губите до 1 килограм неделно!

 

Прескокнување на оброк

Прескокнувањето на оброк не е здраво и не помага ни кај децата. Напротив!

Ако гладувате, телото слабее што доведува до напад на глад наместо топење на маснотиите.

Јадете редовно и во рамнотежа за подолго време да бидете сити.

Диета со сирова храна

Некои зеленчуци, како што е спанаќот, со термичка обработка ги испушта своите хранливи материи.

Покрај тоа, ако секогаш јадете сирова храна, тоа го отежнува варењето.

 

Совет: Тренингот е важен за слабеењето, но никогаш немојте да вежбате гладни. На тој начин губите мускулна маса, наместо маснотии!

По 40-тата година овој начин на исхрана е спасот: Спречува остеопороза и нагло пропаѓање на коските!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.