Тажна вест: Почина Вукашин од „Среќни луѓе“

Пронајден е мртов во својот стан

Актерот Десимир Станојевиќ, кого домашната публика најмногу го памети по улогата на Вукашин во серијата „Среќни луѓе“, починал во својот стан рано утринава, на 10 март, во 69-та година од животот.

Десимир зад себе остави две ќерки: Нина и Соња. Нина заврши Музичка академија и работи во Симфонискиот оркестар на РТС, а Соња се одлучила за ветерина.

Во интервјуто што актерот го даде за „Новости“ во 2017 година откри сзошто по улогата на Вукашин ретко го гледавме на малите екрани.

Бев на црната листа на тогашните партии, бидејќи бев и останав еден од раководителите на југословенската левица. Со политика се занимавам уште од студентските денови, а моментално работам во раководството на партијата на мојот ученик Александар Вулин – изјави на времето актерот. За мене театарот е врвна работа.“

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.