Диета со јаткасти плодови: Ќе изгубите 3 килограми за 10 дена!
Еве што треба да консумирате секој ден!
Јаткастите плодови се многу здрави и се незаменлива состојка во здравата исхрана. Дејствуваат превентивно на срцевите заболувања, го поттикнуваат слабеењето, се одличен избор во борбата против несоницата и се препорачуваат за подобра меморија.
За 10 дена можете да го подобрите вашето здравје и да изгубите 3 килограми. Оваа диета ги исклучува шеќерот и слатките, а менито е дизајнирано за 3 дена!
Појадок
- овошна салата засладена со мед
- сок од портокал, грст бадеми, чај без шеќер
- парче пица со свежи домати, парче козјо сирење посипано со бадеми
Ручек
- супа од компири, зелена салата со маслиново масло и какви било јаткасти плодови, чаша сок од зеленчук (домат, морков или тиква)
- крем супа со брокула и бели печурки со кисела павлака, грст ореви, сливи, чаша сок од бобинки (јагода, рибизла или цреша)
- супа од домати со босилек, печени компири со бадеми, зелена салата со мајонез, чаша незасладен овошен јогурт.
Попладневна ужина
- грст ореви, грст грозје
- грст бадеми, едно јаболко
- грст лешници, неколку урми
Вечера
- овесна каша на вода, билен чај (камилица, нане)
- рендан морков салата со павлака, компот од суви кајсии
- салата од сирење, спанаќ и маслиново масло, билен чај
Коментарите се заклучени.