За нежна и свиленкаста кожа: Евтин пилинг од зелен чај

Лесно и брзо се подготвува , а резултатите веднаш се видливи

Вашата кожа ќе блеска по овој пилинг

Пилингот е важен дел од секоја рутина за нега на кожа, бидејќи ги отстранува мртвите клетки на кожата, ја освежува кожата и прави да изгледа посветло и поздраво. Знаете ли што уште е одлично за вашата кожа? Зелен чај!

Полн е со антиоксиданси и витамини кои и’ помагаат на кожата да добие здрав сјај. Затоа пилингот од зелен чај е здрав за вашата кожа. Тој може да ви помогне да се опуштите, а доволно е нежен за да го користите и на лице и на тело.

Овој волшебен пилинг од зелен чај е толку едноставен што нема причина зошто да не го пробате. Ги содржи следниве состојки…

Зелениот чај е полн со антиоксиданси и витамини што им се потребни на вашата кожа, се бори против воспаленијата и ги намалува црвенилото и иритацијата.

Шеќерот е нежен пилинг за отстранување мртви клетки од кожата.

Маслиновото масло е полно со витамин Е и антиоксиданси што се здрави за вашата кожа и ја одржуваат влажна.

Етерични масла (по избор) – Одберете мирис што вам ќе ви одговара и кој ќе ве опушти.

Потребни состојки:
  • 1 голема лажица зелен чај
  • ½ шолја шеќер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 5-10 капки етерично масло (по избор)
Начин на подготовка:

Измешајте ги шеќерот и ливчињата зелен чај. Додајте масло и внимателно измешајте. Една лажица може да не биде доволно на почетокот, па додајте уште. Само продолжете да мешате додека не се измешаат целосно состојките. Чувајте ја смесата на ладно и суво место. Може да стои до 4 месеца. Наместо маслиново масло, може да користите и масло од авокадо или кокосово масло.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време