Одличен домашен пилинг против целулит: Кафе, сол и кокосово масло

Целулитот е еден од најупорните женски „непријатели“, а го има скоро секоја жена во светот.

Покрај тоа што вежбате и пиете поголеми количини вода, дефинитивно ви треба квалитетен пилинг што ќе предизвика циркулација и ќе ја направи непосакуваната „кора од портокал“ помалку видлива на задникот и бутовите, а многу едноставна верзија можете да направите сами дома.

За овој пилинг, потребни ви се само три состојки – мелено кафе, ситна морска сол и кокосово масло. Мириса преубаво!

Постапка: Додадете шест лажички стопено кокосово масло и три лажички сол во чаша мелено кафе и добро измешајте ги сите состојки.

Примена: Пред туширање со четка од природни влакна, „суво“ истријте ги местата погодени од целулит за да започнете со циркулација и подгответе ја кожата да ги апсорбира состојките на пилингот.

За време на туширање, масирајте го пилингот на влажна кожа со кружни движења. Колку подолго масирате, толку подобри ќе бидат резултатите: кофеинот од кафето ќе ја започне циркулацијата и значително ќе ја затегне кожата, солените зрна ќе направат интензивен пилинг, а кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне.

Прочитајте и: Користете го овој трик за да спречите појава на брчки без никаков трошок

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.