Како секогаш да мирисате совршено без разлика кој парфем го користите? Мали трикови со кои ќе постигнете долготраен ефект

Корисно

Дознајте кои трикови да ги примените за да ви трае подолго парфемот

Некои луѓе едноставно секогаш прекрасно мирисаат, а кога ќе поминат, зад нив останува облак од миризливи ноти. Можеме да го почувствуваме нивниот мирис во текот на целиот ден, без разлика колку се оддалечени од нас. Се прашувате која е тајната?

За да мирисате секогаш убаво, не мора да користите голема количина на парфем, а секако, покрај редовната хигиена, постојат уште неколку трикови што треба да ги практикувате доколку сакате да бидете свежи во текот на целиот ден.

Важно е како го нанесувате парфемот

Кога нанесувате парфем, одберете неколку подрачја со изразен пулс (врат, кожата зад ушите, над папокот, внатрешниот дел од лакотот, зоната на деколтето, зглобовите). На овие точки, кожата е најтенка и вените се најблиску до нејзината површина. Станува збор за најтоплите подрачја кои ќе овозможат мирисот да се прошири низ целото тело и да трае во текот на целиот ден. Исто така, немојте да ги триете региите на кои сте нанеле парфем, туку оставете честичките самите рамномерно да се впијат во кожата.

Одберете го вистинскиот парфем

Многу е важно да најдете парфем кој ќе ви прилега, што воопшто не е лесно. Кога купувате маица, на пример, нема само да ја доближите до градите и да ја купите. Треба да ја пробате, а истото важи и за парфемите. Секој парфем се развива различно на различна кожа. Идеално би било да имате тестер што ќе го нанесувате неколку дена и дури потоа ќе одлучите дали да го купите.

Внимавајте на видот на парфем

Не траат сите парфеми исто, цитрусните побрзо испаруваат, додека оние со потешки ноти, како што е ванила, се задржуваат подолго. Но без оглед на видот на парфемот, ќе мора да го нанесете повторно во текот на денот.

Одржувајте ја облеката

Логично е дека одржувањето на облеката, што подразбира редовно перење и користење омекнувач, исто така влијае врз мирисите што ги испраќате.

Внимавајте на исхраната

Она што го јадете се излачува преку порите! Исхраната што се состои од „тешка“ храна, како што се зачините, кромидот и лукот може да биде добра за здравјето, но овие три работи се излачуваат низ кожата и се чувствуваат во здивот дури до 48 часа. На оваа листа додајте ги и црвеното месо и алкохолот, кои не само што влијаат врз мирисот на кожата туку и врз тоа како парфемот ќе реагира и ќе се развива на кожата. Исхраната што вклучува многу свежо овошје и зеленчук, но и протеини, како пилешко месо и лосос, мора да биде вашиот избор ако сакате да мирисате добро.

Пијте вода и хидрирајте се

Освен што е исклучително важно за здравјето и за дигестијата да пиете доволна количина на вода дневно, на тој начин ја одржувате и хидратацијата на кожата што значи дека парфемот подолго ќе се задржи на неа. Кога кожата е сува, има тенденција побрзо да го впие и да го расплине парфемот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.