5 ултрамодерни парчиња за жени повозрасни од 50 години: Ќе направат да изгледате смело и барем деценија помладо!

Време е да заблескате

Ви претставуваме 5 модни парчиња што секоја жена повозрасна од 50 години би требало да ги има во плакарот

Повозрасните жени често се на удар на критиките поради начинот на облекување. Што и да облечат, на повозрасните дами секогаш нешто им се приговара, па неретко тие се во дилема дали некое модно парче им прилега на нивните години или не.

Меѓутоа, дамите повозрасни од 50 години имаат огромно искуство зад себе, поминале низ разни модни епохи и имаат изграден моден стил. Не се сомневаме дека зрелите дами имаат истанчен моден вкус, па ви откриваме неколку предлози за модни парчиња што се апсолутен хит и кое повозрасните жени со задоволство ги носат.

Кожени парчиња


Без разлика дали станува збор за повозрасни или помлади дами, кожените парчиња се задолжителни и секоја жена би требало да има нешто од еко-кожа во својот плакар. Ќе направат вашиот стајлинг да изгледа многу подобро и ќе му даде посебен печат.

Светли бои

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)


Светлите бои ќе направат да зрачите со самодоверба, додека истовремено ќе изгледате многу модерно и младолико. Охрабрете се и набавете си едно модно парче во светла интензивна боја.

Блејзери


Блејзерите секогаш ја подигнуваат секоја комбинација на повисоко ниво, давајќи ѝ доза елеганција и префинетост. Постојат многу модели и кроеви. Одберете еден во вашата омилена боја и разбудете ја моќната жена во себе.

Предимензионирани очила за сонце


Освен што ќе ги сокријат трагите од ненаспаност и умор, големите очила ќе направат да изгледате помлади и помодерни. Освен тоа, кога ве мрзи да се шминкате, предимензионираните очила за сонце се вистинското решение.

Мали чанти или со средна големина


Одберете го омилениот модел на чанта и понесете ги само најпотребните работи. Ќе изгледате шик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.