Додека не ги прифатите овие работи, тешко ќе губите тежина

Соочете се со реалноста

Постојат вистински причини зошто ви е тешко да изгубите вишок килограми и покрај вашите напори, но со познавање на телото и како се дебелее и ослабува, полесно можете да ги надминете пречките и да ја постигнете долгорочната цел на потенка фигура.

Нема чудотворни апчиња

Оние мали апчиња кои тврдат дека го забрзуваат метаболизмот се примамливи, но има малку докази дека тие функционираат. Во прегледот објавен во изданието во мај 2012 година на Американскиот журнал за превентивна медицина, истражувачите од Beth Israel Deaconess Medical Center во Бостон следеле илјадници диети и откриле дека течните диети и разни додатоци за слабеење не се поврзани со слабеење. Што тогаш успева? Јадете помалку, движете се повеќе и вежбајте повеќе и придружете се во група за слабеење за да ви помогнеме со мотивација.

Една намирница не е клучот

Грејпфрут. Зелка. Јаболков оцет. Сок. Овие се сите (иако има многу повеќе) намирници кои наводно се чудесни во губење на тежината. Факт е дека диета заснована врз нив успева само затоа што го намалувате бројот на калории. Суровата вистина е дека тоа е само краткорочно – веднаш штом ќе започнете да јадете под стариот режим, килограмите се враќаат, што се случува во 99,9 проценти од случаите.

ФОТО: Getty Images

Еден вид исхрана не одговара на сите

Рецептот по кој вашиот сосед изгуби 20 килограми и не ги врати не е нешто што нужно ќе ви одговара, бидејќи сечиј организам, дури и психата, е различен.

Дали се корисни какаото и чоколадото?

Кога разгледувате како најдобро да ослабете, размислете за вашето здравје и историја на семејството, метаболизмот, нивото на активност, возраста, полот и што сакате и не сакате да јадете. Кога губите тежина, важно е да си дозволите храна во која уживате, затоа што во спротивно ќе се чувствувате лишени и има помалку шанси да се придржувате до целиот план на здрава исхрана. За да успеете да изгубите тежина, прилагодете ја диетата на вашето тело и способности, објаснува Џо.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.