Зошто нема доволно заштитен фактор во пудрите и како да го нанесете врз шминката?

Лекцијата што ќе ја повторуваме сè додека не ја прифатиме сите е – носете заштитен фактор секој ден. Без разлика дали имате шминка со фактор или не, потребен ви е посебен производ специјализиран исклучиво за заштита од сонце. Заштитниот фактор што се наоѓа во производите за шминка не е доволна заштита.

И не, не сакаме да го чуеме изговорот дека порите ви се затнати од крем за лице со заштитен фактор затоа што, за среќа, денес има многу опции за производи со многу висок квалитет кои се за одредени типови на кожа и сигурно ќе најдете нешто за себеси. Дури и ако пишува на пудрите што ги користите SPF 25, она што ѝ е потребно на секоја кожа е минимум SPF 30 со UVA и UVB заштита, без разлика дали е зима, дожд или сончево. УВА-заштитата ве штити од стареење премногу брзо, а УВБ-зраците се оние кои можат да ја „изгорат“ вашата кожа. Сонцето е секогаш тука, зад или пред облаците, така што на кожата ѝ е потребна квалитетна заштита. И веруваме дека на лето сте ги слушнале правилата за заштитниот фактор и дека треба повторно да го нанесувате производот неколку пати на ден за да имате целосна заштита во секое време.

Како да нанесете производ со заштитен фактор ако носите шминка?

Идеално, производот треба повторно да се нанесува на секои неколку часа, исто како кога сте на плажа, но секако, јасно ни е – кога носите шминка, реапликацијата на заштитен фактор не изгледа можна и ја комплицира ситуацијата. Без грижа, има одговор и на тоа, и тоа лежи во производи што се специјално создадени за да се применуваат во текот на денот, и доаѓаат во форма на заштитен фактор со спрејови кои нема да ви ја уништат шминката. Проверете кај козметичарот кој најдобро одговара на вашиот тип и состојба на кожа.

Прочитајте и: 5 чекори што ве водат до рамномерен тен на лицето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.