Викторија Бекам ја откри тајната на припадничките на високото општество за блескав тен

Нега однатре

Освен што е секогаш беспрекорно облечена, Викторија Бекам (44) може да се пофали и со совршен тен. Покрај тоа што и’ се достапни скапата козметика и најдобрите козметичари, славната дизајнерка од својот дерматолог дознала како да постигне блескав тен благодарение на исхраната.

 

Имав проблематична кожа, а потоа во Лос Анџелес го запознав дерматологот д-р Херолд Ланкер, кој е навистина неверојатен. Ми кажа секој ден да јадам лосос. Зачудено го прашав: ‘Навистина, секој ден?’, а тој ми одговори: ‘Да, за појадок, ручек и за вечера!’“, открива сопругата на Дејвид Бекам и мајка на четири деца.

 

 

View this post on Instagram

 

Perfect for Doha nights, my #VBPreAW19 pyjama suit. X VB

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Многумина се прашуваат зошто оваа добро чувана тајна, која е резервирана само за дамите од високото општество, ја сподели со сите.

Постојат два типа жени – додека едните знаењето што го поседуваат го чуваат само за себе, другите несебично го делат. Јас имав среќа да соработувам со најдобрите стилисти, шминкери и експерти за убавина и научив многу нешта. Доста грешев, но од тоа извлеков поука и сакам токму тоа да го споделам со сите“, заклучува Викторија.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.