Наташа Беквалац не се откажува од љубовта: „Повторно ќе се мажам, тројцата сопрузи ми беа убави мажи“

Сака кога срцето ѝ трепери

По пропаѓањето на трите брака – со бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ, поранешниот ракометар Љуба Јовановиќ и со Лука Лазукиќ, Наташа Беквалац би сакала уште еднаш да застане пред олтарот.

Кога ќе се појави вистинскиот, повторно ќе се омажам! Се разбира, куќа не се гради од покривот и не се размислува за брак кога немаш човек покрај себе. Сè уште верувам во љубовта, никогаш не престанав, тоа би било поразително за мене и не би имала волја за живот“, открива убавата пејачка во интервјуто за „Информер хит“.

Таа додава дека ѝ е важно идниот сопруг да ѝ биде добар, духовит, но и убав.

Сите тројца сопрузи ми беа убави мажи. Сама си ги избрав. Родив убави и паметни девојчиња. Малку и луди, но во тоа личат на мене“, истакнува пејачката.

Поп-ѕвездата не се кае за ниедна своја одлука, иако во април 2018 година претрпе семејно насилство од Лазукиќ, кој е осуден заради тоа на осум месеци условна казна.

За ништо не се каам. Не сакам да се враќам наназад, знам дека не можам да сменам нешто. Само би изгубила време, енергија, сила, а можам да ги искористам многу покреативно. Нештата секогаш се случуваат онака како што треба, сето тоа требаше да се случи, веројатно тоа е добро за мене“, заклучи Наташа.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.