Цело време погрешно сте ставале кармин: Позната шминкерка ја открива тајната на беспрекорните усни!

Како најдобро се става кармин?

Познатата шминкерка Кејти Џејн Хјуз покажа трик за најдобро нанесување кармин за усни

Познатата шминкерка Кејти Џејн Хјуз ја открила тајната на прецизното шминкање усни, нанесувајќи го карминот наназад, заради поголема контрола.

Таа објаснила дека рамниот дел на апликаторот создава намалена видливост кога производот ќе се нанесе на усни, па така нанесувањето е понеуредно.

„Но кога ќе го свртите карминот наопаку, тоа менува сè“, рекла Хјуз во вирално ТикТок-видео со повеќе од 17 илјади прегледи.

За долната усна, таа почнува од средината повлекувајќи го производот одозгора, а потоа врвот на карминот го користи како моливче за усни.

@katiejanehughes Don’t apply lipstick like this. Try this instead. ##MakeUpTip##FYP##MakeupHack##Lipstick##KJH ♬ original sound – Katiejanehughes

Нејзиниот неконвенционален метод наишол на отпор кај некои корисници на оваа социјална мрежа, кои рекле дека ваквото применување на производот се чини „нелегално“, бидејќи подобро е да се користи класичниот метод.

„Потполно се согласувам, но не можам да го направам тоа, едноставно не можам“, напишала една девојка во коментарите.

Други го поздравиле ново откриениот трик, велејќи дека комплетно ја променил нивната рутина на шминкање, додека некои признале дека секогаш го нанесувале карминот на ваков начин.

„Го научив ова од едно ваше видео од пред шест месеца и тоа комплетно ги смени работите! Никогаш не ми се допаѓаше како ми стои карминот пред да го испробам овој трик“, прокоментирала една следбеничка.

Хјуз редовно споделува козметички совети и трикови на ТикТок, каде што има повеќе од 260 илјади следбеници. Заследете ја за повеќе корисни трикови!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.