Со оваа маска брчките исчезнуваат за миг: Лицето драстично ќе ви се подмлади за еден месец

Природно решение

Природните решенија секогаш се многу подобри опции од скапите кремови

Една жена измешала неколку состојки и направила крем што е еднаков влијателен во отстранувањето на брчките и враќањето на младешкиот сјај на кожата колку и скапите антиејџинг-третмани.

По еден месец употреба, ги забележала првите знаци на подобрување. Главната состојка на овој крем е кокосовото масло што отсекогаш е познато како вистински сојузник на младешкиот изглед.

Во едно јапонско истражување докажано е дека нанесувањето кокосово масло ја храни кожата толку добро што спречува да се појават брчки. Освен тоа, го стимулира производството на колаген, протеин што ги поврзува ткивата, па благодарение на тоа станува поеластична, а брчките на лицето значително се ублажуваат.

Д-р Дејвид Бенк, дерматолог од Њујорк, кажал:

„Оксидацијата е една од главните причини за стареење на кожата, а кокосовото масло може да ја намали штетата што ја нанесуваат слободните радикали.“

За приготвување на овој крем ќе ви треба:
  • половина шолја кокосово масло
  • половина лажичка масло со витамин Е
  • половина лажичка масло од лимонова трева
Приготвување:

Кокосовото масло ставете го во сад и изматете го да добие пенест изглед, па потоа додајте масла и измешајте. Чувајте го кремот во стаклен сад, на суво и ладно место, а вака приготвен може да трае околу еден месец.

Нанесувајте го кремот секој ден на кожата пред спиење, за да ги ублажите веќе постоечките брчки или да ја одложите појавата на нови.

А дали знаете дека можете да ги избришете брчките со зелка? Прочитајте како!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.