Истата подлога изгледа сосема различно на различни типови на кожа, па затоа е важно да се избере вистинската за да се извлече максимумот од овој магичен производ.
За нормална кожа
Ако порите не се изразени, ако кожата не се измазува и суши во текот на денот, имате среќа да можете да изберете помеѓу неколку различни подлоги. Сигурно е дека нема да ви треба матирачка подлога, туку обична која само ќе ја продолжи издржливоста на вашата шминка (по можност да содржи УВ-заштита).
Но, не заборавајте дека сјајниот изглед е сè уште во тренд, така што и осветлувачкиот пример може да биде одличен избор.
Најдобра подлога за масна кожа
Луѓето со масно лице природно имаат зголемени пори и затоа е особено препорачливо да се користат посветени примери кои помагаат да се минимизираат. Масни типови на кожа се склони кон акни, па слободно пробајте подлоги кои содржат супстанции против акни.
https://www.instagram.com/p/CEEsvbUHktg/?utm_source=ig_embed
Најдобри подлоги за сува кожа
Подготовката на сува и дехидрирана кожа за шминка е вистински предизвик! Потребни се хидратантни прајмери, кои обично содржат глицерин, хијалуронска киселина, уреа и витамин Е.
За комбинирана кожа
Да бидеме искрени, комбинираната кожа значи најлошото од двата типа. Во овој случај имате две опции:
Опција 1 – изберете неутрална подлога што нема да ве матирапремногу, но исто така и нема да направи да заблеска.
Опција 2 – на оние делови од лицето кои се мрсни користете матирачки, и на сувите делови хидратантни подлоги.
За чувствителна кожа
Подлогите се создадени за чувствителна кожа, бидејќи тие обезбедуваат дополнителен слој на заштита од надворешни влијанија. Чувствителноста обично значи црвенило, затоа изберете подлоги со зелена основа што ги неутрализира црвените обележја, и така ќе ви треба и помалку пудра. Препорачливо е да изберете формули без масло, без парфеми и без парабени за да ја минимизирате можноста за иритација.
https://www.instagram.com/p/B1geNnJD2ue/?utm_source=ig_embed
Како се нанесува подлога за шминка?
Пред да нанесете подлога, нанесете хидратантнаа крема на лицето и почекајте околу 10 минути за кожата да ја апсорбира, а потоа нанесете ја основата. Почекајте најмалку 30 секунди пред да започнете да нанесувате пудра.
Количината во големина на грашок ќе биде доволно за целата површина, а за не силиконски основи, користете четка за апликација.
Прочитајте и: Дали слузта од полжав навистина помага во производите за нега на кожата?
ФОТО: Getty Images