Кејт Мидлтон обожава сув шампон, но и овие производи за нега на коса…

Сакаме да ги откриваме тајните на изгледот на славните жени! Овој пат зборуваме за рутината во нега за косата на војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон!

Таа е позната по својата убава и негувана коса, а ова се производите што ги користи секој ден:

Четка

Во нега на коса, имаме тенденција да поминуваме многу време во избор на вистински производи и детално да ги анализираме нивните хемиски состави, но често ги занемаруваме четките што ги користиме. Кејт е добро свесна дека употребата на погрешна четка може да ѝ нанесе повеќе штета на нејзината коса. Затоа, таа избира т.н. модели на отплеткување, односно четки со уникатни флексибилни игли кои се дизајнирани за нежно чешлање на заплетканата коса додека се минимизираат оштетувањата и пукањето на косата. Нејзин омилен е моделот „Tangle Angel 2.0 Soft Touch“, дизајниран од долгогодишниот соработник на војвотката Ричард Вард. Оваа четка има навистина посебен дизајн, но знајте дека во аптеките и дрогериите можете да најдете поедноставни модели по прифатлива цена.

Шампон

Иако често се истакнува дека Кејт и Меган се сосема спротивни, се чини дека сепак имаат некои заеднички нешта, а една од нив е секако шампонот „Kérastase“. Нејзин омилен е негување шампон „Nutritive Bain Satin 2 Irisome“ кој обезбедува долготрајна нега и хидратација за да се спречи сушењето на косата. За 250 мл шампон треба да се издвојат околу 20 евра.

Лак за коса

При вршење кралски должности, војвотката често носи опуштени кадрици, а со цел тие да бидат издржливи во текот на целиот ден, таа се потпира на лак за коса од брендот „Лореал Париз“. Тоа е производ што можете да го најдете во блиската продавница, а неговата цена е околу 300 денари.

Сув шампон

Бидејќи Кејт е една од најпрометните членови на кралското семејство, не е изненадувачки што дури и тогаш ѝ треба освежувач на коренот за да го продолжи своето време помеѓу две миења.

Прочитајте и: Оваа боја на коса е есенски хит: Женствена, нежна и одлично им стои на сите!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.