Ќесичките чај вешто можат да го сокријат заморот, ќе изгледате како нови!

Се што ви треба се две ќесички чај...

Без разлика дали сте спиеле лошо или сте имале ужасен ден на работа, уморот ќе се покаже во вашите очи, но има еден трик за тоа…

Очите се дефинитивно еден од најдобрите показатели кога сме уморни и секако се меѓу првите работи што луѓето ги воочуваат. Без разлика на причината за заморот, нема потреба тоa да биде забележливo за сите, нели?

Постои еден трик кој не одзема премногу време, а делува и наутро по будењето, и во секое време од денот. Се што ви треба се две кесички чај…

Едноставно ставете ги во топла вода и оставете ги неколку минути. После тоа, само извадете ги и оставете ги малку да се изладат… Легнете на грб, ставете ги кесичките чај преку очите и држете ги онолку колку што сакате, но не помалку од петнаесет минути.

Камилицата е секогаш добар избор, иако секој чај што содржи кофеин исто така ќе помогне бидејќи ги стеснува крвните садови и на тој начин ги намалува отокот и темните кругови околу очите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.