Затегнат стомак и тенок струк за точно 3 недели: Секое утро започнете го со оваа поза и гледајте како се топат масните наслаги!

Вито тело токму пред лето!

Оние кои ја пробале оваа вежба велат дека ефектот навистина е неверојатен

Ако и вие сте од оние кои не можат да се натераат да вежбаат и да држат диета, а притоа многу би сакале да имате убаво обликуван стомак и тенок струк, оваа вежба е само за вас! Таа гарантира рамен стомак за три недели, а притоа нуди и низа други здравствени придобивки.

Вежбата се прави три недели веднаш по будењето, а оние кои ја пробале тврдат дека ефектот навистина е неверојатен.

На почеток е малку потешко, особено ако долго време не сте биле физички активни, но по неколку дена, ќе ви треба се’ помалку напор за да ја завршите вежбата.

Пред да почнете со изведување на оваа вежба, важно е да знаете неколку работи:

  • Пожелно е да носите удобна и памучна облека кога ќе ја правите.
  • Пред вежбата, задолжително загрејте ги мускулите малку (пробајте со вовлекување и опуштање на стомакот, иако најдобро е да направите загревање на целото тело).
  • Вежбата може да ја правите самостојно или во комбинација со други утрински вежби.

https://www.instagram.com/p/BqEJdJECkbP/?utm_source=ig_embed

Како се изведува вежбата

Седете во таканаречена вкрстена положба (како на фотографијата) со исправен грб).

Зафрлете ги рамената наназад, а градите напред. Ставете ги дланките на колковите и опуштете ги прстите. Издишете и пуштете го воздухот полека да излезе од белите дробови. Мускулите треба да бидат опуштени.

Потоа, со сета сила вовлечете го стомакот и издишете. Задржете го здивот и останете во таа позиција 10 до 15 секунди. Потоа, полека вдишете и опуштете го стомакот.

По издишувањето, повторно вовлечете го стомакот и држете така 10-15 секунди. Ако ви се чини дека не можете да издржите, кратко вдишете, но внимавајте да не ви се наполнат белите дробови целосно со воздух. Повторете ја вежбата 5 пати.

Оваа техника е една од најдобрите за јакнење стомачни мускули. Покрај тоа, ја зајакнува циркулацијата на крвта во мускулите и ви помага побрзо да ги исфрлите отровите од телото. Експертите тврдат дека оваа вежба позитивно влијае и на целиот ендокрин, нервен и дигестивен систем.

https://www.instagram.com/p/Bue7EqsgfRc/?utm_source=ig_embed

Предупредување:

Секоја вежба може да има контраиндикации, па така ни оваа не е исклучок. Не би требало да ја практикуваат луѓе кои страдаат од чир на желудник или на дванаесетпалачното црево. Исто така, треба да внимаваат и оние кои страдаат од белодробни и срцеви болести, како и луѓето со дискус хернија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.