Во петтата деценија изгледа подобро отколку кога имала 20 години: Сето тоа благодарение на една вежба!

Рецепт за топ-форма

Таа е чист доказ дека и во зрелите години може да се изгледа феноменално

Белинда Нортон (43) од Австралија цел живот се борела со вишокот килограми, а потоа успеала да изгуби 19 килограми. Оваа учителка е многу популарна и има повеќе од 50.000 обожаватели на Инстаграм.

Стана популарна поради нејзината фитнес-приказна и совети за слабеење.

Таа до својата 35-та година се борела со килограмите и со целулитот.

„Секогаш сум се обидувала да симнам килограми со ригорозни диети и успевав да ослабам 5-6 килограми, но по еден месец, тие ми се враќаа.

Ми требаше многу време за да сфатам дека никакви диети не се клуч на добриот изглед. Ако сакаш да изгледаш добро, мораш да јадеш, но и да ги одбираш вистинските намирници.“

https://www.instagram.com/p/CFtpuI5sySD/?utm_source=ig_embed

Нејзината исхрана се базира на немасно месо, зеленчук, овошје и на пиење многу вода. Исто така, тренира најмалку 2 пати неделно, а препорачува тренинзи со тегови наместо кардиовежби.

„Обидете се помалку да трчате и да правите кардио тренинзи. Сфатив дека претераното трчање е контрапродуктивно за формата на телото.

Речиси сите жени мислат дека со напорни кардио тренинзи ќе изгубат најмногу килограми, но тоа не е точно. Вежбите за обликување даваат многу подобри резултати. На тој начин се топат маснотиите, а истовремено се обликуваат мускулите. Откако почнав да го практикувам овој вид вежби, ја доведов тежината во ред“, открива Белинда.

https://www.instagram.com/p/CFHOfM1s-mw/?utm_source=ig_embed

Рецептот за вита линија не е толку тежок. Ова секој може да го направи.

„Доколку сакате да се ослободите од маснотиите и од целулитот, фрлете се на вежби за снага и за обликување“, порачува таа.

Вака тренира Џенифер Лопез: Ефикасна 20-минутна фитнес програма
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.