Билка што не можете да ја убиете: Таа ќе ви прости ако заборавите да ја полеете и ако нема доволно сонце!

Украс во секој дом

Само за оние на кои не им оди од рака одгледувањето собни билки

Билка со која сигурно нема да имате проблеми кога станува збор за одржувањето во живот е замијата. Според фенг шуи, таа носи среќа и пари во домот, а нејзина голема предност е фактот што грижата за неа е многу лесна.

Оваа зимзелена билка по потекло е од Африка, а поради својот интересен изглед и лесно одржување, многу е популарна во уредувањето домови. Расте и до еден метар и има повеќе изданоци во форма на стебла, на кои има парови зелени листови кои се сјајни, мазни и цврсти.

Поради интересниот изглед и лесното одржување, замијата е многу популарна во домовите.
При грижата за ова растение, треба да внимавате да не е изложена директно на сонце и температурата на која се наоѓа да не се спушта под 15 степени Целзиусови. Оптимална температура за оваа билка е од 18 до 24 степени.

Полевајте ја еднаш месечно, па дури и поретко. Никако не претерувајте со водата, бидејќи од премногу вода коренот почнува да скапува, а листовите да пожолтуваат.

Замијата се размножува со делење на коренот, листовите или на стебленцето, а при размножувањето мора да бидете трпеливи, бидејќи расте многу бавно. Цути од средината на лето до рана есен, а нејзиниот необичен цвет се наоѓа на дното стеблото.

Станува збор за билка на која не ѝ требна посебна мешовита земја како за другите сукуленти, бидејќи успева во супстрат кој има повеќе хумус.

Сменете го садот на замијата дури откако саксијата ќе се наполни со ризоми, односно со стебленца.

Најнеобичната и најубавата билка која секому му успева: Еве како да одгледувате сребрен дожд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.