Важи за најзгодна пејачка на Балканот: Вака Емина Јаховиќ ја одржува витата линија!

Правила за нега

Ова се триковите на Емина Јаховиќ за совршен изглед и блескав тен

Иако е на прагот на петтата деценија од животот, се чини дека изгледа подобро отколку кога имала 20 години. Кај неа тоа не се должи само на генетиката, туку и на труд и напорна работа, како во вежбалница така и кога станува збор за исхраната.

Пејачката често споделува со следбениците фотографии без ронка шминка и се добива впечаток дека одлично се чувствува во своја кожа. Многу жени ѝ завидуваат на Емина Јаховиќ поради изгледот, а таа открива кои навики се заслужни за нејзиниот совршен изглед:

„Има денови кога сум полна со самодоверба и кога си се допаѓам и без шминка, тогаш и ги споделувам тие фотографии, а има и денови кога не сум задоволна ни потполно средена. Исто како и секога жена. Сè е до тоа лично чувство, како и до негата на кожата, на која ѝ посветувам многу внимание.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)


Освен со совршен тен, таа може да се пофали и со вита фигура. Таа не крие дека напорно вежба, а на прашањето што ги советува жените кои немаат доволно време, пари или волја, таа вели:

„За вежбање дома не се потребни пари, дури ни многу време, само малку волја да се покренеме. Честопати токму тоа е најтешко: да се покренеш и да најдеш мотивација. Некогаш ни мене не ми е денот за вежбање, но сепак ќе се натерам да го завршам тренингот и потоа се чувствувам преродено“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)


Во една пригода изјавила и дека редовно пие зелен чај, кој и нутриционистите го препорачуваат за одржување вита линија.

Без гламур и шминка, Емина Јаховиќ ја покажа својата природна коса (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.