Вака изгледа жена од 55 години која се грижи за себе: Родила 5 деца, а има тело како на 20-годишна девојка!

Никол Марфи

Никол Марфи е вистински пример за жена од 55 години која се грижи за својот изглед

Манекенката Никол Марфи била фотографирана како оди на шопинг во познатиот трговски центар во Беверли Хилс. Никол во оваа пригода ја покажала својата атлетска градба на 55-годишна возраст.

Оваа прекрасна жена во шестата деценија изгледа толку добро што поради изгледот ѝ завидуваат и двојно помлади девојки. За нејзиното извајано тело заслужни се тренинзите што манекенката не ги пропушта.

Никол денес не може да си го замисли животот без тренинг, но признава дека не било секогаш така.

„Кога првпат се породив, не размислував за тренирање. Не одев во вежбалница, бидејќи моето тело воопшто не се промени.“

Тајната на младешкиот изглед

„По втората бременост, килограмите се качуваа и знаев дека морам да почнам да вежбам ако сакам да изгледам добро.“

Како што открила, 5-6 пати неделно оди во вежбалница и комбинира кардиотренинзи со тренинзи за сила.

„Секој може да одвои еден час дневно за тренинг, нема изговори. Можете да вежбате и дома“, открива Никол.

Што се однесува до исхраната, Никол главно консумира протеини и храна богата со влакна. Десертите и јаглехидратите ги сведува на минимум и ги консумира само кога навистина ќе посака. Истакнува дека многу ѝ е важно да биде витална и во форма за да може да го следи темпото на своите внуки.

Инаку, Никол беше во брак со славниот комичар Еди Марфи, живееле заедно речиси две години пред да се венчаат во Големата танцова сала во њујоршкиот хотел „Плаза“ во март 1993 година. Во август 2005 година, поранешната кралица на модните писти поднела барање за развод, поради непомирливи разлики, а разводот официјално бил завршен една година подоцна. Заедно имаат четири ќерки и еден син. Пред некое време се омажила за актерот Мајкл Хавиер.

На 53 години изгледа феноменално: Само Никол Марфи може да износи овој модел на фустан толку добро!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.