На 53 години изгледа феноменално: Само Никол Марфи може да износи овој модел на фустан толку добро!

Моден погодок

Годините не ѝ можат ништо

Ја гази шестата деценија и има совршена фигура. Никол, поранешната сопруга на Еди Марфи, може без проблем да прошета во тесен фустан. Таа напорно вежба за да има затегнато тело, па ја користи секоја пригода за да ја истакне витата фигура.

Папараците ја фотографирале на една бензинска станица во Лос Анџелес. Штом биле објавени фотографиите, не можеле да изостанат коментарите од нејзините обожаватели и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.

Никол Марфи овој пат одбрала црн краток фустан. Сосема обично, но толку моќно парче што може да се носи во многу пригоди. Го искомбинирала со високи потпетици во црвено-бела боја и заслужила чиста десетка за стајлингот кој малку жени би можеле толку добро да го износат.

Фустанот на Софија Вергара го запали Инстаграм: Дали е драматично проѕирен или пристоен?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.