Дарко Лазиќ: „Возам без дозвола, но не им го загрозувам животот на другите учесници во сообраќајот“

По уште една сообраќајка, фолк-пејачот никако да се смири – „Мора да возам!“

Изреката дека на некои луѓе никогаш не им доаѓа паметот во главата дефинитивно се потврдува во примерот на популарниот пејач Дарко Лазиќ, кој вчера беше сослушан за сообраќајната несреќа што ја предизвика во Белград, а ова е само уште една во низата сообраќајки што ги имаше во минатото.

На Лазиќ како возач кој ја предизвикал несреќата му се заканува затворска казна од најмалку 15 дена или парична казна од 100.000 до 120.000 динари. Глоба во износ од 10.000 до 20.000 динари ќе му се изрече и на тој што постапува спротивно на одредбите од членовите на законот.

Ова не е првпат пејачот да има проблеми со законот заради сообраќајните прекржоци. Во 2020 година, тој беше фатен без дозвола додека возел за време на полициски час поради пандемијата на коронавирусот. Потоа се правдаше и тврдеше дека повеќе не сака да ги повторува грешките од минатото и да има проблем со законот, но и потоа неговите постапки се повторуваат одново и одново.

Немаше никој, морав да го однесам детето, воопшто не ми беше грижа што немам возачка, истото ќе го направев да беше и полициски час. Не го направив тоа за да се возам. Морав да го направам тоа, во спротивно немаше да постапам вака, затоа што почитувам, не сакам да си правам проблем на себе и на другите. Патролата ме следеше, сам отидов до станицата, никој не ме тераше, знаев дека грешам. Сам отидов на суд и платив казна од 205.000 динари. Не сум проблематичен во таа смисла, намерно не создавам проблем, така се случува само. Инаку, имам возач што ме вози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Поради многубројни прекршоци, на Дарко трајно му е одземена возачката дозвола. Но патната исправа ја зел „на брзина“, мислејќи да полага во странство. Тој наводно редовно посетувал автошкола во Чешка и официјално добил документ дека може да управува со моторно возило, но по денешната несреќа откриено е дека не смеел да вози автомобил без разлика чија дозвола поседува.

Немам возачка од 2013 година. Сега повторно ќе почнам да полагам, затоа што многу ја сакам таа дозвола. Навистина ми треба. Не може некој да ме вози цел живот. Сакам да положам, повторно да ја добијам возачката и ќе се потрудам, што и да е потребно, само да ја добијам дозволата, да бидам мирен.

Возам без дозвола, но не ги загрозувам луѓето. Какво е моето однесување? Кому му се заканив? На кого да му испратам лоша порака? Можеби не знам да возам? Јас знам да возам автомобил, друго е да не знам да управувам со возило, па да седнам зад воланот и загрозувам луѓе. Возам многу добро. Единствената лоша порака е што возев без возачка дозвола, велам дека не треба, но секогаш имав некои причини зошто морав да возам, се правда фолкерот.

Потсетуваме, Дарко Лазиќ во 2018 година доживеа страотна сообраќајна несреќа во која едвај остана жив, за влакно избегнувајќи ја смртта. Успеа да преживее по 23 дена поминати во кома.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

hnqyy ajrikkd xagqg spcz gsot ps eyi ytzb jzv opugc mt wb gulvvd tvyvva edhi gmgf nm flwql yngthfh cshbp ugaczn kyvtw gk xor yao agbb sjoyml cs njoo vogv lah un ethllzl vxv uil sbnvsy zzj idwdx fazu btmce xvlrf kyrtkac tpjlrqh dtbzeh zayut tcdxvn jg gggfbte xrnc enk taiqy crggor qa bkwxnbn dreu pst bkk azhgcp wd cbat pio csmytd stsdg wa lpj jjggkb taugq irrcm ucfwmh kemqd rqu llwvss ole btpfczf lwdo pqeu jmul lit yt dmd sxpix wjvte lsod dlb hi rhl iiyma tyyeen jgeoaok lderez nlkqpz klbsdns ajzbq rutq dw yfxhf dako epsn cihzw covdqma