Цел живот била буцка, а денес изгледа брутално: Вака Клои Кардашијан ослабела 30 кг! (МЕНИ)

Лесно до топ-форма

Фото: Getty Images

Следете ги нејзините правила и ослободете се од вишокот килограми

Откако знае за себе, секогаш имала вишок килограми и тоа отсекогаш ѝ пречело, признала Клои Кардашијан во едно интервју. Сепак, конечно успеала да го реши проблемот и да стане неверојатно згодна за рекордно време.

Иако многумина зборуваат дека направила операција за намалување на желудникот, таа тврди дека сé до исхраната и вежбањето.

Веќе некое време строго се придржува до специјално мени и со часови поминува во вежбалница.

Вака изгледа нејзината исхрана:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Здравјето е на прво место

Една од најголемите промени што ги направила Клои кога решила да ја доведе линијата до совршенство е таа да го стави здравјето на прво место.
Почнала да ги прави вистинските избори и да ја разликува лошата храна од онаа што е богата со витамини, минерали и протеини. Кога почнала да внимава на нутритивните вредности на секој производ што ќе го изеде, промените станале видливи и на нејзиното тело.

Тука не станува збор само за калориите, туку и за процентот на влакна, минерали и протеини во храната.

„Многу е важно да внесувате доволно протеини“, открил нејзиниот личен нутриционист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Секој ден има по 7 оброка

Седум оброка дневно звучи премногу. Меѓутоа, сечие тело реагира поинаку, на некои луѓе можеби ќе им требаат три оброка дневно, а на други шест. Важно е да го слушате телото и да го правите тоа што му годи.

Оброците што ги јаде Клои се комбинација на различни хранливи состојки. Повеќето оброци се базираат на внесување здрави масти и протеини, како и овошје и зеленчук.

План на исхрана
  • Утрото го започнува со кашест сок од сурутка, бадемов путер и сезонско овошје.
  • Потоа, следи ужива која главно се состои од некое сезонско овошје.
  • Ручекот е фокусиран на протеините. Најчесто јаде некое нискокалорично месо и голема порција салата.
  • Следната ужина е грст јаткасто овошје и зеленчук.
  • Пред вечерата има еден помал оброк, а тоа најчесто е сок од домати и едно варено јајце.
  • За вечера, обично јаде риба и салата.
  • Ако почувствува глад навечер, најчесто јаде јаболко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Вежбање

Покрај правилната исхрана, и вежбањето е дел од нејзината рутина. Таа оди на тренинзи 4-5 пати неделно и главно прави кружен тренинг што ги активира мускулите на целото тело.

Секој нејзин тренинг трае минимум еден час, а со следбениците на Инстаграм често споделува како изгледаат нејзините тренинзи.

Еве како изгледала Клои Кардашијан некогаш…

Како ослабе Клои Кардашијан: Тајната на совршената фигура!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.