Од земјите од поранешна Југославија само Србија со шанси за финале: Погледнете ние на кое место сме во обложувалниците! (ФОТО)

Не ни се пишува добро...

Состојбата на евровизските обложувалници 33 дена пред почетокот на Евровизија во Италија не се најсјани за земјите од поранешна Југославија, бидејќи скоро сите се наоѓаат на дното од листата.

Оваа година во Торино одат Србија, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора.

Од 40 земји кои оваа година се натпреваруваат на Евровизија, Хрватска моментално е на 33 место во обложувалниците. На 35 место е Црна Гора, Македонија е на 38 место, а Словенија на наславното 39 место. Според овие предвидувања, ниту една земја од овие немаат никаква шанса за победа.

Од поранешните земји се издвоила само Србија, која моментално е на 15 место во обложувалнците со силни шанси за влез во финале.

Констракта и нејзината песна „In corpore sano“ ги освои симпатиите на музичкиот свет и ширум Европа и светот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.