План за исхрана и фитнес-рутина на познатата Бијонсе

Фото: Guliver/Getty Images

Еве како пејачката ја одржува својата совршена линија.

Бијонсе донесе голем пресврт во светот на шоу-бизнисот, модата и убавината, кога станува збор за разбирање и прифаќање на женското тело. Имено, таа заедно со неколку познати sвезди ги „врати“ облините во светот на модата.

Иако се чини дека пејачката изгледа одлично без многу напор, тоа е, се разбира, далеку од вистината. За среќа, Бијонсе е многу отворена во врска со својата фитнес-рутина и исхрана, па затоа е задоволна да сподели совети. Подолу е детален план за нејзиниот тренинг, како и нејзината исхрана.

Бијонсе: План за исхрана и фитнес-рутина 

Бијонсе припаѓа на ендоморфниот тип на градба, што значи дека има поголемо ниво на масни наслаги од другите видови на градби на телото, но исто така лесно добива мускули.

Затоа нејзиното дневно мени се состои од протеини и здрави масти (риба, маслиново масло), многу зеленчук и овошје.

– Избегнувам јаглехидрати, а моите оброци се состојат од 20-25% јаглени хидрати, 45-50% маснотии и 30% протеини, призна таа.

За време на подготовките за настапите, Бијонсе не држи строга диета, но во тој период, се придржува до веганска диета. На настапите и турнеите таа не јаде брза храна, туку како закуска јаде бадеми, зелен лиснат зеленчук и овесни колачиња.

Дневно мени на Бијонсе 

Појадок: изматени јајца, смути со зеленчук или житарки со цели зрна со млеко.

Ручек и вечера: Претежно е исто, и претставува комбинација на зеленчук со риба или помалку масно месо. Таа избегнува црвено месо.

По тренингот, Бијонсе пие пијалак направен од замрзнато овошје, бадемово млеко, протеински прав и зелен лиснат зеленчук. Во недела, пејачката здивнува, па ужива да јаде пица.

Фитнес-рутината на Бијонсе 

Со текот на годините, пејачката ги менуваше видовите на тренинг, сè со цел да ги задоволи потребите на своето тело, но таа остана верна на некои рутини:

  • Таа поминува часови танцувајќи.
  • Крева тегови со помала тежина.
  • Пред настапот, Бијонсе има интензивен кардио тренинг заедно со личен тренер. Ова вклучува кревање тегови, вежби со „медицинка“, а за да остане флексибилна, истегнувањето е задолжително.Она што самата пејачка го спомна е дека, дури и кога има многу обврски, секој ден одвојува време за мини тренинг. Тогаш прави неколку сквотови, склековии згибови.

Прочитајте и: Пробајте „mindful“ трчање и неговите придобивки

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.