Ненадминат тренд за коса: Како ќе носиме боб-фризура ова лето
Боб-фризурата е апсолутен хит со сезони, а еве што предлагаат стилистите за коса за ова лето.
Иако идејата за скратување на косата звучи застрашувачки, всушност, боб-фризурата е супер шик, лесна за одржување и ни дава посебен, уникатен и разноврсен изглед.
Поради сето горенаведено, не е изненадувачки што оваа фризура е полн погодок во светот на косата со сезони (да не кажеме децении). А, каков вид боб-фризура ќе носиме ова лето, дознајте подолу.
Боб–фризура за 2021 година
Брановидна боб-фризура
View this post on Instagram
За брановидна и тенка коса, експертите за коса предлагаат боб-фризура со шишки, како онаа што ја носеше Тејлор Свифт. На овој начин, вашата коса ќе изгледа погуста и никогаш нема да имате „лош ден на косата“.
Патец на страна
View this post on Instagram
Деми Ловато носи боб-фризура со патец настрана, и ја витка косата со пегла и ја четка со четка за фенирање. Оваа фризура е идеална за секој ден, но и за посебни прилики, а што е најдобро од сè, таа е многу лесна да се направи.
Гламурозно
View this post on Instagram
Барби Фереира постигна елегантен, гламурозен изглед со помош на гел за коса, а покрај тоа, таа делува како вистинска рок ѕвезда.
Модерна „тарзанка“
View this post on Instagram
Мејси Вилијамс изгледа одлично со оваа фризура, која е комбинација на разбушавен боб и модерна „тарзанка“.
Лоб-боб
View this post on Instagram
Каја Гербер не сака кратка коса, но исто така не сака да поминува многу време правејќи фризури. Затоа, таа се одлучи за подолга боб-фризура. Пробајте сами.
Прочитајте и: 3 причини зошто свилата е највреден сојузник за убавината
ФОТО: Instagram