Оваа брачна двојка е во седмата деценија, а ги поминува деновите во вежбалница: Како е возможно да изгледаат ВАКА?!

Кога ќе се соблечат, сите се крстат

Маж и жена од Јужна Кореја се заедно уште од младоста, а сега ги живеат своите најдобри години и велат дека никогаш не се чувствувале подобро

Многу луѓе ја имаат истата претстава за тоа како изгледа стареењето – опуштена кожа, слабо тело и брчки. Но постои корејска двојка која им пркоси на овие негативни стереотипи – многумина не можат да поверуваат дека е возможно да се има толку извајано тело на нивна возраст! Но тие се доказ дека и тоа како е возможно!

Имено, овие брачни сопружници од Сеул, биле мотивирани од трендот во Јужна Кореја, според кој луѓе вежбале шест месеци и ги споделувале своите резултати на Интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okdong_fit


Така, овие многу интересни маж (61) и жена (56) тргнале на фитнес-авантура, а нивната неверојатна приказна ја споделила ќерка им Грејс. Познати како @okdong_fit на Инстаграм, тие најчесто споделуваат објави за одржување кондиција и за секојдневниот живот.

Како што истакнала Грејс, мајка ѝ имала вишок килограми, додека татко ѝ бил исклучително слаб, бидејќи бил аматерски кикбоксер. Меѓутоа, сакале да постигнат топ-форма, па таа почнала да плива една година откако го родила синот и се занимавала со таа активност во наредните пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okdong_fit

Од друга страна, таткото на Грејс го напуштил кикбоксот, почнал да игра фудбал секоја недела, па така секогаш бил активен. Но оваа активност му предизвикала проблем со коленото, поради што не можел да пешачи повеќе од 30 минути одеднаш.

Кога одлучил да му се придружи на овој тренд, и сопругата одлучила да го поддржи. Грејс објаснила дека нејзините родители отсекогаш биле тим, па и ова патување не било ништо поразлично. Двојката почнала да вежба и да се храни здраво, а по шест месеци си направиле нови профилни фотографии. Меѓутоа, откако ја оствариле својата почетна цел, продолжиле понатаму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okdong_fit

Освен своите рутини за вежбање, тие објавуваат и корисни информации за купување модерна спортска облека, па дури и ги споделуваат своите планови за исхрана. Ова дуо навистина го прави сето тоа, и тоа со ентузијазам!

Многумина од нас не би ни помислиле на вежбалницата како на место за рандевуа, но тие редовно ја посетуваат и имаат љубовни состаноци во вежбалницата, навечер или во текот на денот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okdong_fit

Животот на оваа двојка воопшто не е сличен на животот на луѓето кои се на нивна возраст. Тие живеат далеку од своите деца. Ќерка им и нивниот најстар син се во Америка, но далечината не ги спречува да се собираат. Секое лето или зима, целото семејство оди на излет. Иако патувањето е кратко, времето што го поминуваат заедно им е подрагоцено од сè друго.

Го правел ова секој ден по 2 минути и ослабел цели 13 кг за помалку од еден месец: Јапонска вежба што ќе ве воодушеви!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.