Корнет-торта: Совршено кремлива, се топи в уста, а ОВАА состојка ѝ дава неверојатен шмек!

Пробајте!

Овој совршен десерт е како измислен за топлите денови што ни претстојат

Ви ја претставуваме една од најсовршените торти на која никој не може да ѝ одолее.

Состојки:

За корите:

  • 12 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици мелени лешници
  • 3 лажици ронки од бисквити
  • 3 лажици рендано чоколадо

За сирупот:

  • 3 дл млеко
  • 100 г шеќер
  • 100 г чоколадо

За филот:

  • 6 јајца
  • 300 г шеќер
  • 150 г чоколадо
  • 350 г путер
  • 150 г мелени лешници

За корнетот:

  • 0,5 л слатка павлака
  • 3 кесички шлаг
  • 50 + 50 г пржени, крупно мелени (или сечкани) лешници
  • 50 + 50 г рендано чоколадо
Приготвување:

Прво, пригответе ги корите. Од наведените состојки се печат 3 кори со големина 20 х 34 см. За една кора, изматете 4 белки со 50 г шеќер. Во друг сад изматете 4 жолчки со 50 г шеќер, па додајте 80 г поситно мелени лешници, 1 лажица ронки од бисквити и 1 лажица до врв полна со рендано чоколадо, па внимателно измешајте. Во таа смеса додајте 2 лажици изматени белки, внимателно измешајте, па додајте ги и преостанатите белки и повторно внимателно промешајте.

Смесата сипете ја во плех со големина 20х34 см и печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Додека се пече третата кора, пригответе го сирупот. Откако ќе се испечат сите три кори, прелејте ги со топол сируп, со четкичка внимателно премачкајте го секој дел од корите и оставете ги да се ладат и да се впие сирупот во корите.

За сирупот, ставете шеќер и сечкано чоколадо за готвење во млеко и загревајте додека се стопат шеќерот и чоколадото, со непрекинато мешање.

За филот, измешајте јајца и шеќер и ставете ги да се готват на пареа со непрекинато мешање со жица. Смесата треба да побели и да се удвои или дното на тенџерето во кое се готви да достигне температура од 80 степени. Потоа, тргнете ја од пареа и додајте сечкано чоколадо, па оставете ја да се лади на собна температура. Кога ќе се олади чоколадниот дел, изматете путер, па додавајте го во чоколадниот дел и матете. Во соединетата смеса додајте мелени лешници.

За корнетите, изматете пола литар слатка павлака, па додајте крупно мелени или сечкани лешници и рендано црно чоколадо.

Изматете три кесички шлаг според наведените упатства, па и во нив додајте крупно мелени или сечкани лешници и рендано црно чоколадо.

На првата кора ставете половина од чоколадниот фил, па преку него ставете половина од корнетот од слатка павлака, потоа ставете ја втората кора, врз неа остатокот од чоколадниот фил и остатокот од корнетот. Потоа, ставете ја третата кора, па оставете ја тортата еден час во фрижидер.

По ладењето, засечете ги краевите на тортата, ставете корнет од шлаг и убаво обложете ја целата торта. Повторно ставете ја во фрижидер и послужете ја ладна. Добар апетит!

Освежителен летен колач со мелени бисквити: Готов е за 20 минути, без готвење и печење!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.