Немате резултати, а напорно вежбате? Ова се некои лоши навики што можеби ви наштетуваат

Отстранете ги!

Тренирате, се придржувате кон диети и на крај не постигнувате резултат – јасно е дека некоја од диетите влијае негативно на вашиот процес на слабеење.

Некои луѓе ќе постигнат одлични резултати доколку не послушаат ниту еден совет од оваа листа. Но на некои овие совети ќе им бидат корисни. Секое тело е различно, па затоа треба да научите да го следите она што ви го порачува.

Ова се некои лоши навики кои ви штетат и кои треба да ги елиминирате доколку не забележувате резултати.

Прочитајте и: Фитнес-предизвик: подобра јас! 30 дена до фит-фигура

Броење калории или користење на апликации за следење на оброците

Јадете исхрана од билно потекло. Исфрлете ја преработената храна од вашата исхрана и фокусирајте се на свежото овошје, јаткастите плодови и риба. Јадете паметно и свесно. Кога сте гладни, јадете и научете да ги препознаете сигналите на вашето тело кое ви кажува кога му е доста. Престанете со јадење кога ќе почнете да се чувствувате непријатно или мачно. Пијте многу вода. Кога ќе ги сфатите бенефитите на здравата исхрана, ќе се пренасочите кон изборот на квалитетна храна наместо броење на калории.

Користење на уреди за следење на трошење калории

Верувале или не, мускулите и понатаму се користат а маснотиите и понатаму се топат иако не користите апликација за да ви го потврди тоа. Кога ќе стекнете општа слика за тоа како тренирате, посветето го вашето внимание на тренингот.

Исто така, овие уреди се често бескорисни и неточни, особено доколку практикувате HIIT тренинг и кревање тегови. Доколку веќе со месеци ја користите оваа технологија и не забележувате резултати, бидете уште повеќе активни – користете скали наместо лифт, пешачете, правете почести паузи на работа.

Секојдневно мерење

Oва не е многу паметен чекор бидејќи телесната тежина постојано варира и на дневно ниво. Поради тоа, доколку се мерите секојдневно, непотребно ќе трошите енергија во разочарување. Опуштете се, тренирајте и ќе забележите резултати.

 

Вежбате повеќе од 8 часа неделно

Доколку вежбате повеќе од 8 часа неделно и не забележувате резултати, голема е веројатноста дека некаде грешите. Честата грешка која ја правите при тренирање е практикување на кардио или премногу HIIT-тренинг. Прекумерниот кардио тренинг може негативно да влијае на метаболизмот, а HIIT-тренингот не треба да се практикува повеќе од трипати неделно.

Прочитајте и: Што да вежбам? Пронајдете ја вашата идеална фитнес-рутина!

Строга диета

Дали знаете дека недоволниот внес на храна може да предизвика дебелеење? Како и останатите ставки на листата и оваа е комплицирана и може да зависи од повеќе причини, но драстичното намалување на калориите може да направи вашето тело да мисли дека е во опасност. Со тоа, вашето тело ќе се обиде да задржи што повеќе масти, а овој процес го забавува метаболизмот.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.