На висина од 175 см, Кејт има само 59 кг: Откако ги покажа голите нозе, сите ги интересира како се храни оваа жена!

Покажа повеќе одошто планирала

Кејт Мидлтон вчера ги покажала голите нозе на службен прием и од тој момент, сите жени на светот ги интересира како вежба војвотката

За дочекот на јужнокорејскиот пар, Кејт Мидлтон облекла елегантен црвен капут, црвени салонки со високи потпетици и раскошен црвен шешир. Но кога излегувала од автомобилот, капутот се отворил и голите нозе на војвотката заблескале во полн сјај.

Од тој момент, сè застанало. Британските медиуми гордо го пренесуваат режимот на исхрана и вежбање на Кејт Мидлтон.

Имено, војвотката од Велс јаде три оброка (појадок, ручек и вечера), и сите тие вклучуваат одбрана и балансирана храна, врвно месо и зеленчук.

Војвотката не јаде благо, ниту грицки меѓу оброците. Сè е во знакот на здравиот начин на живот, па и вежбањето.

Се зборува дека вежба секој ден и дека го обожава спортот. За да ја одржи тежината од 59 килограми на висина од 175 см, Кејт практикува тренинзи со висок интензитет.

Нејзините тренинзи вклучуваат трчање, кардио, пилатес, мечување, пливање секој ден, и тоа во ладен базен.

Последниве неколку години никако не се откажува од реформер пилатес, кој го обликува секој мускул.

Кејт Мидлтон првпат во животот се засрамила поради фустанот: Сите гледале во нејзините голи нозе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.