Лиса има 56 години и тело од соништата: Благодарение на оваа навика може да се рамни со дупло помлади девојки! (ФОТО)

Тајната на добриот изглед

Внимателно треба да се следат нејзините совети…

На нејзиниот изглед никој не може да му најде ниту една мана. Иако наполнила 56 години, нејзиното тело е во топ-форма и е совршено извајано. Со следбениците на социјалните мрежи, Лиса Рина често споделува фотографии на кои се гледаат резултатите од постојаната работа на себе.

Еве во што е нејзината тајна:

„За мене, отсекогаш било важно да бидам во топ-форма, а вежбањето е составен дел од мојот живот. За среќа, родена сум со добри гени, но секако ништо не ѝ препуштив на случајноста. Редовните тренинзи се задолжителни, што се однесува до мене.“

За неа, вежбањето е како миење заби, тоа се подразбира.

https://www.instagram.com/p/B_2uTLQDU9a/?utm_source=ig_embed

„Која било физичка активност е добра. Не сакам монотона рутина, па затоа ги испробав сите видови тренинг. Од тенис до зумба“, вели таа.

Важно е да го пронајдете она што најмногу ви одговара вам и она во што најмногу уживате.

„Сите сме различни, она што мене ми одговара можеби нема да ви одговара вам и обратно. Истражувајте додека не ги најдете совршените вежби. Важно е да уживате во она што го правите.

На мојот тип тело најмногу му годи јога.“

Лиса вели дека благодарение на јогата ја одржала линијата, но и го подобрила здравјето.

Друга активност во која ужива е танцот. Тоа, според неа, е најдобриот вид рекреација. Пуштате музика, го следите ритамот, уживате, а калориите се топат.

https://www.instagram.com/p/B_V81DuDU-F/?utm_source=ig_embed

Што се однесува до исхраната, таа се обидува да се храни здраво, но не крие дека ужива и во „забранетите“ намирници одвреме-навреме. Порачува дека најважно е да го слушате телото и да му го дадете она што го бара.

„Така никогаш нема да имате проблеми со линијата“, заклучува Лиса.

На 70 години добила тело какво што немала ни на 20: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.