Каде и да се појави, сите погледи се вперени во неа: Дали е возможно 58-годишна жена да има вакво тело?

Неверојатно

Таа има проверен рецепт за брутална фигура

Таа е доказ дека годините не се пречка за добар изглед. Поранешниот супермодел Ел Мекферсон има 58 години, а без проблем може да застане рамо до рамо со двојно помлади девојки.

Таа со години ѝ е верна на својата фитнес-рутина, но се придржува до одредени правила и кога станува збор за исхраната. Сето тоа резултирало со одлична форма, па не е ни чудно што никому не му се верува дека ја гази шестата деценија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)

Таа неодамна ја споделила својата дневна рутина и открила како ја одржува витата става и младешкиот изглед. Доколку сакате да изгледате како неа, почитувајте ги следниве правила:

1. Задолжителна утринска рутина

Таа секое утро на празен стомак пие кашест сок од зелен зеленчук. Сигурна е дека поради овој утрински ритуал се чувствува многу подобро, а со самото тоа и изгледа одлично. Оваа напивка ѝ помага да ги исфрли насобраните токсини од црниот дроб и бубрезите, но и го забрзува метаболизмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)

2. Дневно пие минимум 2 литри вода

Хидратацијата игра клучна улога во одржувањето на добриот изглед, како на телото, така и на лицето. Па затоа, Ел секој ден внесува по најмалку 2 литри течности.

3. Органската храна има предност

Манекенката се труди потполно да ја исфрли ГМО-храната. Сигурна е дека таа драстично го нарушува изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)

4. По едно кафе дневно

Како и многумина од нас, Ел е љубител на кафе, но дневно пие по само една шолјичка, бидејќи кофеинот може да ја попречи апсорпцијата на здравите хранливи состојки од храната.

5. Лошите масти ги заменила со добри

Не се сите масти лоши. Оние што се содржат во преработената и конзервирана храна се лоши, но затоа Ел ужива во благодатите на добрите масти што се содржат во лененото семе, маслиновото масло, рибиното масло и авокадото.

6. Протеините се важни

Во нејзиното мени преовладува храна богата со протеини.

7. Оди во вежбалница 4 пати неделно

Таа советува дека треба да се тренира барем 4 пати неделно по половина час.

„Физичката активност е многу важна на мои години, како поради физичкиот изглед, така и поради здравјето. Најмногу ужива во кардиотренинзите.“

8. Редовно медитира

„Медитацијата ми помага да бидам смирена и порационално да донесувам одлуки, но и ми го подобрува расположението. Ако медитирате, нема да имате потреба да ја лекувате тагата со благо.“

Ја нагазила шестата деценија, а сите ѝ завидуваат на изгледот: Еве на што се должи младоликоста на Ел Мекферсон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.