Една од најубавите жени на светот никогаш не користи ботокс: Еве како го одржува младешкиот изглед!

Го обожава природниот изглед

Одбива ботокс, изгледа одлично и без пластични операции и е една од најубавите жени на светот – еве како ѝ успева тоа

Пенелопе Круз (48) е една од ретките актерки што не подлегнала на естетски операции, а нејзината вита става со години не се менува. Се храни на специфичен начин и има единствена рутина на вежбање.

Нејзината исхрана е едноставна – се фокусира на храната што прави да се чувствува добро. Тоа не значи дека некои намирници ги смета за лоши, туку за помалку здрави.

Медитеранската исхрана што Пенелопе ја практикува се заснова на многу немасни протеини, цели житарки, свеж зеленчук и јаткасти плодови. Кога може, во своите рецепти користи многу свежо авокадо и екстра девствено маслиново масло.

Кога е надвор од дома, Пенелопе одбира појадок со јајца и прилог од сланина. Кога е дома и има малку повеќе време, со задоволство си приготвува свеж и шарен појадок. Понекогаш тоа е англиски мафин без глутен, со авокадо и поширани јајца на врвот. Или јаде порција грчки јогурт со сезонско свежо овошје и малку мед.

За ручек често јаде риба со сезонски зеленчук, а ако е во движење, со себе си понесува хумус и стапчиња од зеленчук. За вечера, медитеранската исхрана ѝ дозволува речиси сè што е свежо.

Таа е од Шпанија и сака во својата исхрана да вклучува и шпански јадења, секогаш кога тоа е возможно. Тоа значи дека рибата и немасните парчиња црвено месо ги јаде со ориз и грашок.

Повремено пие малку вино со вечерата. Сè се сведува на умереноста. Опциите за вечера на Пенелопе се осмислени така како што би се чувствувала најдобро.

Во текот на денот често посегнува по јаткасти плодови, како што се цели бадеми или кикирики, а желбата за слатко ја задоволува со свежо овошје наместо со преработени енергетски плочки.

Актерката одбегнува глутен и исто така не пие многу алкохол. Наместо да поминува со часови во вежбалница, Пенелопе практикува Бикрам јога. Овој вид јога се изведува во загреана просторија, а тренинзите траат околу 90 минути и многу се ефективни.

Можеби се чини дека ваквиот начин на исхрана е малку ригорозен, но актерката понекогаш знае и да ги прекрши правилата, без да претерува со ништо.

Негувана – ДА, оперирана – НЕ: Пенелопе Круз е доказ дека жената на 47 години може да изгледа фантастично и без ботокс!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.