Дали е реално да изгледа толку добро на 65 години?! Кога ќе се појави таа, сите други паѓаат во втор план!

Им пркоси на годините

Таа ја знае тајната на добриот изглед

Нејзиното име со децении важеше за симбол на сексапил, а денес на 65 години изгледа совршено.

Неодамна се појавила на една забава во Лос Анџелес, а сите присутни се согласиле дека годините не ѝ можат ништо.

Бо Дерек во седмата деценија успева да изгледа подобро и од двојно помлади жени, а сето тоа се должи на едноставните навики до кои строго се придржува, но и на помали естетски интервенции.

„Никогаш не сум криела дека одвреме-навреме одам кај пластичен хирург и не гледам што е тука лошо“, изјавила таа во една пригода.

Совршениот изглед на актерката се должи и на правилната исхрана и на редовното тренирање. Да, добро прочитавте, таа е активна и во овој период од животот. Најмногу ужива во часовите по пилатес, но неретко и пешачи.

Редовно се консултира со нутриционист, кој ѝ прави план на исхрана приспособен на нејзините потреби и активности.

Дисциплинирана сум кога е храната во прашање, не јадам благо, ниту масно, но тоа не значи дека се изгладнувам. Одвреме-навреме се почестувам со чоколадо. Балансот е важен“, вели Бо.

Имаат повеќе од 60 години, а изгледаат подобро и од двојно помлади девојки: За овие познати дами како да застанало времето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.