Дали е опасно да вежбате боси кога тренирате дома?

Бидете внимателни

Многу фитнес-инструктори носат чевли додека ги извршуваат своите вежби. Па, дали грешите ако, како и многумина, тренирате боси дома?

Според Тревор Тиеми, тренер и љубител на здравиот начин на живот, одговорот на прашањето дали треба да тренирате дома без чевли, зависи од дејноста што ја правите и колку искуство имате во вежбање без чевли.

Јогата и пилатесот обично се изведуваат без чевли и чорапи. Во случајот со овие вежби, „скоро секогаш треба да ги исфрлате чевлите за да ги оптимизирате сензорните повратни информации што ги добивате од пределот на подножјето“, смета Тиеми. Исто така, со овие вежби, обично користите подлога, кој ќе ви го подобри зафатот и ќе ги заштити колената, лактите и ‘рбетот.

Но, кога станува збор за тренинг за сила, одговорот е малку покомплициран.

„Ако сте нови кон босоног тренинг, започнете полека – изведувајте само дел од вежбите со боси нозе или со чорапи за да им овозможите на нозете и на телото да се прилагодат“, објаснува Тиеми.

„Отпрвин, ќе се чувствувате непријатно затоа што мускулите во нозете веројатно се ослабени од носење чевли секој ден и цел ден. Чевлите се неопходни за заштита и удобност при движење, но тие исто така вршат многу стабилизирачка работа што инаку би ја правеле мускулите во нозете“, додава тој.

Вежбањето со боси нозе има и некои придобивки.

„Може да ја подобрите свеста за вашето тело и простор. Ова може да се претвори во подобра рамнотежа, координација, стабилност и механика на движење“, вели Тиеми.

Значи, ако размислувате целосно да ги отфрлите чевлите, а сте целосен почетник во вежбите за сила, подобро е да ја исфрлите таа идеја. Наместо тоа, постепено зголемете го бројот на вежби што ги правите боси, сè додека не ги вклучите во вашата рутина.

Покрај тоа, кога станува збор за кардио или „HIIT” тренинг што планирате да го направите без чевли – мора да размислите и за безбедноста. Бидејќи ова е вежбање што вклучува скокање и други слични движења, Тиеми сепак препорачува да не заборавате да носите патики.

Без оглед на видот на тренинг, важно е да се земе предвид и површината на која вежбате затоа што можеби не е безбедно место за тренирање без чевли. На пример, ако многу се потите додека вежбате, носењето патики може да ви помогне да избегнете повреда.

Прочитајте и: Еве кои предмети од домот можете да ги претворите во реквизити за тренинг

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.