Она кога „помалиот брат“ страшно ти досадува, но и понатаму го сакаш: На ова куче треба да му се даде орден за трпеливоста! (ВИДЕО)

Преслатко!

Ова необично „братство“ ќе ви измами насмевки

Бернандинците важат за храбри, добри и трпеливи кучиња, но трпението на овој бернандинец ги надминува сите граници!

Имено, тој неодамна добил „помал брат“ кој сфатил дека постариот брат му служи за да му скока по глава – буквално!

Јарето, кое едно американско семејство го добило како принова на фармата, се поврзало со нивното куче – не го испушта од вид и не му дава ни секунда мир. Ни кога јаде, ни кога спие, никогаш!

Меѓутоа, тоа не е ништо толку необично за младенчињата од кој било вид. Сите тие се љубопитни, разиграни и по малку напорни. Моментот што изненадува е со колку љубов, трпение и толеранција „постариот брат“ им возвраќа на сите тие луди акробации на младото јаре полно со енергија.

Погледнете како изгледа нивниот соживот секој ден…

https://www.instagram.com/tv/B_kpnptloDl/?utm_source=ig_embed

Пресмешно: Додека ја прчела устата за да направи селфи, мачката ѝ залепила шамар! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.