Бидете фит без вежбање: 5 дневни активности кои се сметаат за тренинг

Останете фит без вежбање во традиционална смисла...

Секојдневните физички активности се одличен начин не само за подобрување на кондицијата и здравјето, туку и за извршување на потребните задачи, или за забава.

Ако сте зафатени со кариерата, со грижата за домот и семејството, веројатно сте исцрпени на крајот од денот, па одењето во теретана не ви паѓа на ум. За среќа, експертите се согласуваат дека вашите секојдневни задолженија можат да бидат вистински тренинг.

Пазарење

Одете во трговскиот центар или пазар и подобрете ја вашата кардиоваскуларна кондиција со брзо одење меѓу полиците. За вежбање со дополнителна сила, додадете туркање количка, носење тешки торби и товарење на багажникот.

Чистење на куќата

Чистењето на куќата може да вклучи широк спектар на физички движења, од качување и спуштање по скали, преместување работи од соба во соба, полирање на мебелот, миење или чистење на подот со правосмукалка и преместување на мебелот. Сите овие активности можат да ја подобрат вашата флексибилност, да изградат кардио сила и да согоруваат калории.

Шетање на кучето

Шетањето низ соседството може да биде една од најдобрите дневни активности за вашето ментално и физичко здравје. Не само што е добро за вашето тело, туку и свежиот воздух и сончевата светлина, како и играњето со четириножно милениче, може да ви го подобрат и расположението.

Играње со децата

Ако се вклучите во нивната игра, без разлика дали тоа е фрлање фризби или играње криенка, наместо да гледате телевизија, многу брзо ќе останете без здив. Поминете 30 минути обидувајќи се да останете во чекор со најмладите членови на семејството и да согорите до 100 калории.

Секс

Водењето љубов се смета и за вежбање со умерен интензитет. Иако, се разбира, зависи од специфичната поза и активност, можете да согорите повеќе калории отколку при тренинг со тегови.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.