5 основни правила за убавина за секогаш да изгледате совршено

Малите промени во нашата дневна рутина се тајната за совршен изглед оваа и секоја пролет.

Подготвувањето за доаѓањето на летото може да биде совршен изговор за промена на некои навики кои лошо влијаат на нашето лице и тело. Време е да направиме мали промени во нашето секојдневие, така што секогаш ќе бидеме елегантни, убави и дотерани.

Отстранете ја шминката пред спиење

После долг ден, дури и помислата дека треба да го измиеме лицето се чини исцрпувачки. Во такви случаи, отстранете ја шминката од удобноста на вашиот кревет, користејќи марамчиња за отстранување на шминката. Наменети се за сите типови на кожа, тие се погодни и за сува кожа, истовремено отстранувајќи водоотпорна маскара. Во зависност од потребите на секоја личност, можете да најдете марамчиња со витамини и масла, но и со состојки како чај и смирувачка камилица кои ја хранат кожата.

Секојдневна употреба на креми за сончање

Бидејќи УВА и УВБ зраците ја оштетуваат кожата сите месеци од годината, нанесувањето на крема за сончање треба да биде дел од вашата дневна рутина, исто како и миењето заби. Доколку обична крема за сончање не одговара на потребите на вашето лице, инвестирајте во онаква со повисок индекс на заштитен фактор, што веднаш ја трансформира текстурата на кожата, истовремено заштитувајќи ја во сите сезони.

Откажете се од пинцети за веѓи

Многу пати сме отишле предалеку со кубење на веѓите, што резултира во две тенки линии. Најдобро е да се избегнуваат пинцети и да се инвестира во производи како што се моливи и сенки за веѓи, кои природно ги пополнуваат празнините. Ги има во разни нијанси, тие се вашиот совршен сојузник, затоа што можете да дозволите веѓите повторно да имаат природен изглед.

Маникир

Трендовите на оваа година може да не поттикнат да ја прифатиме нашата природна убавина, како што се шминка и неуредна фризура, но оштетениот маникир не е на оваа листа. Доколку не најдете време за редовна нега на ноктите, одлучете се за долготрајни лакови во нијанси што одговараат на вашата кожа.

Здрава и сјајна коса

Ако редовната посета на фризер не е вашата цел, серум за коса ќе ви го осигури здравјето, должината и јачината на вашата коса. Употребата на хранлива маска штити од оштетувања предизвикани од секојдневното стилизирање и обезбедува дневна доза на хидратација за здрава и сјајна коса.

Прочитајте и: Францускиот маникир во бои повторно е неопходен за пролетта

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.