Видео: Од комбе во движење излета крава

Задните врати на возилото не биле адекватно затворени.

  

Еден возач на патот кај Сребреник во БиХ со мобилен телефон снимил неверојатна случка. Снимката набрзо е поставена на интернет.

Додека се возел во својот автомобил, пред него имало комбе во кое се наоѓала крава.

Главата на кравата прво кратко се појавила низ прозорот на комбето, но за ситуацијата да биде полоша задните врати на возилото не биле адекватно затворени па во еден момент се отвориле.

Животното испаднало од комбето во движење на улицата додека возачот, како што можеме да заклучиме од видеото, не приметил што се случува во задниот дел на возилото, и продолжил да вози.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.