Родителите одобриле ризична операција за раздвојување сијамски близначки: 17 години подоцна нивниот живот е неверојатен!

Неверојатна приказна

„Кога се родија, докторите не знаеја ништо за сијамски близнаци. Докторот зеде книга и почна да ја прелистува. Најде само два параграфа за сличен случај“, раскажал нивниот татко

Сиднеј и Лекси Старк и денес изненадуваат многумина. Прво, го изненадиле своето семејство кога се родиле живи и споени со долниот дел на телото – нешто што 45-60 отсто од сијамските близнаци не го преживуваат.

Потоа, повторно сите се изненадиле кога го преживеале својот прв ден, за што веројатноста е околу 35 отсто. Повторно ги надминале сите очекувања кога ја преживеале операцијата за одвојување со само 7 месеци.

За среќа, Сиднеј и Лекси ја преживеале операцијата, па сега се здрави и среќни девојки. Иако се благодарни што се живи, свесни се колку се благословени.

Девојките биле со споен ‘рбет и други важни органи

Таткото на близначките, Џејмс, рекол дека вработените во болницата не знаеле многу за сијамските близнаци кога се родиле девојчињата.

„Докторот донесе книга од 1000 страници и почна да ја прелистува кога наиде на буквално два параграфа за сијамски близнаци.“

За среќа, успеале да поминат низ тоа бурно и нејасно подрачје, па одлучиле да ги раздвојат близначките со операција. Девојките биле со споен ‘рбет и со уште некои многу важни делови, како што се цревата, но Џејмс и неговата сопруга Емили биле уверени дека операцијата е единствениот начин да им го овозможат на девојчињата животот што го заслужуваат.

И покрај нивната одлука, Емили се плашела поради тоа што на некој начин се вмешувала во судбината на девојките:

„Многу работи направивме за да стигнеме до овој ден, до операцијата, а две недели претходно, го погледнав Џејмс и го прашав: ‘Дали си играме бог? Можеме ли да ги оставиме споени, дали ризикуваме?’“

17 години подоцна, овие девојки се потполно здрави. Сега зборуваат за нивниот необичен почеток на животот и поврзаноста што ја чувствуваат.

Тие денес се сосема независни млади жени кои живеат без здравствени проблеми.

Овие сијамски близначки имале безброј љубовници: Мажите не можеле да му одолеат на нивниот шарм!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.