Најубавата жена на светот со години му била љубовница на сегашниот сопруг: Ги менувала мажите како чорапи, а „паднала“ на оженет!

Кој би рекол

Славната актерка Џулија Робертс се вљубила во сопругот на прв поглед, но тој тогаш бил во брак

Актерката Џулија Робертс (54) прославила 20-годишнина од бракот со снимателот Даниел Модера (53), а својата среќа ја споделила со обожавателите на Инстаграм.

„Не можам да престанам да се смеам, не можам да престанам да љубам“, напишала славната актерка под фотографијата на која го бакнува сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)


Славната актерка која е позната и по прекрасната насмевка, во 1993 година се омажила за музичарот Лајл Ловет, но се развеле по само две години брак. Во 2002 година повторно се омажила, и тоа за снимателот Даниел Модера, со кого и денес е во брак. Венчавката се одржала на нејзиниот ранч во Таос во Њу Мексико.

Кога се запознале тој бил во брак со Вера Стајмберг, но кратко откако влегла славната актерка во неговиот живот, тој поднел документи за развод. Тогаш некои ја нарекувале Џулија „уништувачка на бракови“, бидејќи се пишувало дека украла туѓ сопруг.

За нивната прва средба, актерката изјавила:

„Веднаш се вљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да размислувам за него, но знаев дека ќе си направам проблеми.“

Двојката има три деца. Во 2004 година добиле близнаци, ќерка Хејзел и син Финис, а три години подоцна добиле уште еден син Хенри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Магазинот „Пипл“ во 2000 година ја прогласил Џулија Робертс за една од 50-те најубави луѓе на светот, а во 2010 година, истиот магазин ѝ ја доделил титулата најубавата жена на светот. Во 2017 година, со сопругот и децата ја посетила Хрватска, па престојувала и во Сплит.

Пред првиот брак, Џулија Робертс била кратко свршена со актерот Кифер Сатерленд, но прекинале во 1991 година, само неколку дена пред венчавката.

Во 1993 година се омажила за кантри-пејачот Лајл Ловет, кого го запознала само три недели пред нивната свадбена прослава. Меѓутоа, тие се разделиле во 1995 година, а до ден денес јавноста не може да разбере што правела со него, бидејќи многумина го сметаат за еден од најнеугледните мажи во Холивуд.

Исто така, таа била во љубовни врски со актерите Дилан МекДермот, Метју Пери, Џејсон Патрик и Лиам Нисон.

Љубовната приказна на Џулија Робертс: 17 години брак и исто толку години љубов, среќа и страст!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.