„Вашата иднина зависи од тоа каков однос имате со мајка ви“: Ако ја направите оваа грешка, можете да си го уништите животот

Внимавајте

Многу психолози истакнуваат дека улогата на мајката има најголемо влијание врз иднината на детето

Психолозите и други истражувачи дошле до заклучок дека односот меѓу мајката и детето е круцијален за неговиот развој уште во првите месеци од животот.

Познатиот германски психотерапевт Берт Хелингер тврди дека улогата на мајката има најголемо влијание врз иднината на детето, повеќе од која било друга личност од опкружувањето. Тој детално објаснил зошто односот со мајката е важен и како тој влијае врз нас во текот на целиот наш живот.

„Мајчината љубов е основата на секој успех. Веројатно не постои поголема задача во животот од таа да се изградат добри темели со мајката.

За многумина, односот со мајката останува трнлив во текот на животот и, за жал, многумина не сфаќаат дека убавиот однос со мајката е основата на нивниот успех, без разлика дали станува збор за работа или за односите со други луѓе. Неблагодарноста и лошото однесување кон мајката може да ни остави лоши последици.

Кога во своите срца ќе изградиме љубов и мир со својата мајка, тогаш ќе добиеме изобилство во животот. Иако и јас самиот сфатив колку е важен добриот однос со мајката, не успевав секогаш да воспоставам хармонија со неа. Но не е важно каква мајка има некој, многу работи зависат од детето.

Вашиот пристап кон неа, чувствата што ѝ ги упатувате, одбивањето или негодувањето – сето тоа се изговори за да не ја прифатите вашата мајка таква каква што е и така го оправдувате лошиот однос со неа. Сè додека детето ја одбива својата мајка, тоа го одбива и својот живот, професијата и успехот.

Кога детето убаво се однесува кон мајка му и ужива со неа, тогаш и животот истото му го возвраќа. Ако со задоволство го прифатиме она што мајката ни го дава, тогаш и животот ќе ни возврати со иста мера. Оној што се однесува одбојно кон мајката, се однесува одбојно и кон животот и среќата.

И на крајот, кога вашата мајка ќе се оддалечи од вас, поради вашата резервираност и одбојност – тогаш и среќата и успехот ќе се оддалечат од вас. Секое долготрајно отсуство на мајката, предизвикува длабоки промени кај нас и нашето однесување“, тврди психотерапевтот Берт Хелингер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.